Бабиќ: Ним е типична француска екипа, не очекува „војна“ на теренот

2 mins read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре вечер (20.45 ч.) и ги започнуваат настапите во Лигата на Европа, тие во Битола го рамки на првото коло играат против францускиот Ним.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека неговите ракометари ги очекува вистинска „војна“ на паркетот во салата „Боро Чурлевски“ бидејќи Ним е типична француска екипа која форсира цврста и брза игра.

– Со сигурност францускиот ракомет оди во нагорна линија, вложуваат многу и имаат многу квалитетни играчи како на клупски така и на репрезентативен план. Не чека тежок натпревар, во кој мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. Ним е класична француска екипа, цврста и многу брза. Во одбрана комбинираат со 6-0 и 5-1. Доста истрчуваат на брз центар и особено брза транзиција, преку десно крило и бек кои доминираат. Во нападот не комбинираат премногу, играат добро еден на еден, што е карактеристика на Французите, а тие ја применуваат и во клубот. Се очекува многу контакти, трчање и класично „тепање“ на теренот. Мора да бидеме спремни на малку поинаква игра, не каква што сме навикнати досега во Европа – вели тренерот Бабиќ кој се радува што конечно ќе ја има поддршката од публиката на еден меѓународен натпревар.

– Навистина ќе ни значат навивачите на трибините. Се сеќавам на натпреварот против Нексе, имаше полни трибини, беше навистина убаво. Сите сме желни за емоциите, фановите и луѓето во салите, сепак спортот се игра за нив. Се радувам и се надевам дека сите заедно ќе се радуваме по еден добар наш натпревар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 107 случаи на коронавирус, 19 починати лица и уште пет од Мој Термин

Следно

Чудни, нови симптоми на сојот делта – чешање на лицето и лупење на кожата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian