Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе направи ново мнозинство без ДУИ

2 mins read

Карактеристика на првиот круг од овие локални избори е ниската излезност генерално и големата победа на опозицијата искажана во голем број на освоени градоначалнички места во првиот круг и водство пред конкурентите од власта во вториот круг, оценува аналитичарот Благојче Атанасоски за „Слободен печат“.

– Тоа е доказ дека десницата го „извади“ до максимум своето традиционално гласачко тело, а владејачката левица беше казената од своите претходни поддржувачи, особено од тие кои ревносно гласаа за СДСМ во 2016 година на парламентарните и уште повеќе на локалните избори во 2017 година. Левица е во подем, но ќе видиме до каде и до кога, бидејќи гледаме дека нивниот лидер Димитар Апасиев ретерираше во однос на коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и сега му се нуди. Моја прогноза е дека доколку Левица и Апасиев направат поддршка за опозициските кандидати, тие ќе изгубат од своето конто на наредните избори бидејќи нивните гласачи се гласови против „дуото“ СДСМ плус ВМРО-ДПМНЕ – вели Атанасоски за „Слободен печат“.

Според него, најинтересните „битки“ ќе следуваат во трите најголеми градови – Скопје, Битола и Куманово.

Атанасоски очекува дека на политичата сцена во наредните месеци може да има интересен развој на настаните.

– Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски постојано најавува ново парламентарно мнозинство и ќе видиме дали тоа ќе го ефектуира со драстично сменетата политичка клима во негова корист во моментов. Многу зависи од тоа како ќе се однесуваат ЛДП и ДОМ, но и БЕСА и ДУИ во централната коалција со СДСМ. Според мене е многу тешко да се случи такво ново парламентарно мнозинство преку собраниско гласање, бидејќи ДУИ е незаобиколен фактор и партнер за власт, а во моментов ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со нивниот најголем противник, Алијансата за Албанците и Алтернатива. Сето ова засега е равенка со многу непознати и ќе биде многу интересно да се следи политичката сцена во месеците што доаѓаат и се поизвесните  предвремени парламентарни избори следната пролет – вели тој.

Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе направи ново мнозинство без ДУИ

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проституцијата во Шпанија ќе биде прогласена за криминал

Следно

Драма во Љубљана: Француска ракометарка два пати колабираше за 20 секунди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian