Фудбалерите на Тотенхем како гости го совладаа Њукасл со 3:2 во рамки на осмото коло во Премиер лигата.
Новата ера на Њукасл како најбогат спортски колектив на светот започна со пораз иако почетокот на натпреварот беше ветувајќи.
Њукасл пред 52.000 навивачи поведе во втората минута со голот на Калум Вилсон. Но потоа Тотенхем ја презеде иницијативата и до крајот на првиот дел постигна дури три гола. Прво во 17. минута Тангуи Ндомбеле измрани на 1:1, по што на сцена стапија напаѓачите Хари Кејн и Хјонг-Мин Сон за убедливо водство од 1:3. Во вториот дел успеаја само да го ублажат поразот и тоа благодарение на автоголот на Ерик Даер во 89 минута.
Тотенхем до победата се искачи на петтата позиција на табелата 15 бодови, додека Њукасл е претпоследен со само три бода.