ВИДЕО: Дронот на Утрински брифинг над скопските улици, одржан најголемиот авто-мото настан земјава

1 min read

Денес за време на гласањето за локалните избори, на скопските улици може да се забележи раздвиженост во сите општини. На страна од фокусот на локалните избори, денес на големиот паркинг пред СРЦ „Борис Трајковски“ дронот на Утрински брифинг го забележа најголемиот авто-мото настан во нашата земја, Street Show.

На настанот беа присутни 22 изложувачи со над 40 брендови кои се достапни на македонскиот пазар. Притоа, беа изложени секаков вид на возила, дел од нив за првпат прикажани пред очите на македонската јавност и имаа премиерни презентации.

 

Во рамките на настанот, присутните имаа шанса да се запознаат со голем број на новитети меѓу автомобилите, мотоциклите, четирициклите, комерцијалните возила и електричните скутери и мотори, а присутни беа и компании од индустријата на автомобилска галантерија и додатоци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција ќе има активна улога во обновата на Авганистан

Следно

ВИДЕО: Димитриевски и Рајо остануваат перфектни на домашен терен во Ла Лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian