ВИДЕО: Димитриевски и Рајо остануваат перфектни на домашен терен во Ла Лига

1 min read

Екипата на Рајо Ваљекано за која брани голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски е вистински хит на стартот од сезоната во Ла Лига.

Рајо во деветтото коло во Ла Лига со 2:1 ја совлада Елче и се искачи на четвртото место на табелата со 16 бодови, еден помалку од Атлетико и Реал Мадрид кои имаат и натпревар помалку, додека лидер на табелата е Реал Сосиедад со 20 бодови.

Со триумфот над Елче, Рајо Ваљекано го задржа максималиот учинок на домашен терен, во четвртиот наптревар ја оствари четвртата победа.

Резултатот го отворија гостите во 14 минута со голот на Боје, но Рајо во 26 минута успеа да дојде до израмнување преку Хернандез.
Голот вреде три бода за Рајо Ваљекано го постигна Ранди Нтека во 65 минута од средбата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дронот на Утрински брифинг над скопските улици, одржан најголемиот авто-мото настан земјава

Следно

Прекин во гласањето во ОУ „Блаже Коневски“ во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian