Проблем во Росоман: Поради замена на апарат, гласањето на едно избирачко место ќе се продолжи за еден час и 50 минути

1 min read

Се појавил проблем на едно избирачко место во општина Росоман, во село Трстеник, не работел апаратот и бил заменет со нов. Таму гласањето ќе се продолжи за еден час и 50 минути. Ова го потврди за МИА, Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија.

До девет часот, во општината Росоман гласале 3,7 проценти од избирачите.

Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи. Во избирачкиот список има регистрирано 3 341 лице со право на глас. Се гласа на десет избирачки места.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Oбилни дождови во Индија: Најмалку десетмина загинати и неколку исчезнати

Следно

И ИОК е против идејата на ФИФА за Мундијалите да се играат на две години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian