Орбан прими трета доза, па ги праша докторите: Имам планови за вечер, ќе ми биде ли нешто?

1 min read

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прими третата доза на вакцината против коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол.  

Орбан ја примил вакцината „бустер“ дозата од вакцината „Модерна“, изјави Берталан Хаваси за МТИ.  

Премиерот објави видео на својот Фејсбук профил како ја прима вакцината и го прашува докторот дали тој ќе има несакани ефекти во текот на денот, бидејќи има билети за театар.  

На Орбан му било кажано дека многумина имале болка на местото на убодот и замор, но дека сигурно може да оди во театар. 

Унгарија започна вакцинација со трета доза

Инаку, во Унгарија вакцинацијата со трета доза е дозволена со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“. 

Според податоците, во Унгарија секојдневно се вакцинираат речиси 24 илјади граѓани. Според податоците на Ројтерс, на земјата со вакво темпо би и требале уште 79 дена за да се исполнат посакуваните резултати на владата на Орбан. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР со информација за денешните пријави за изборниот процес

Следно

Гласањето и изборниот молк завршуваат во 19:30 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian