МВР со полни раце работа: Повеќе физички пресметки и напади изминатата ноќ во Скопје

2 mins read

Во текот на вчерашниот и денешниот ден од Министерството за внатрешни работи информираат за повеќе одделни инциденти на подрачјето на Скопје. 

Денеска во 03.30 часот по полноќ И.Б.Л.(45) од Скопје пријавила дека околу 01.30 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од С.Л.(41) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Во 01.00 часот по полноќ Н.М.(35) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. 

Во друг случај денеска на подрачјето на Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Б.(24) од Скопје, постапувајќи по пријава од Е.М.(38) од Скопје според која околу 01.45 часот, на подрачјето на Аеродром, Б.Б. физички ги нападнал и се заканувал со остар предмет кон пријавителот, П.Н., К.П. и Н.С.. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 17.10.2021 во 00.35 часот Ф.А.(34) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Автокоманда бил физички нападнат од четири лица кои при нападот користеле тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот. 

На 16.10.2021 во 21.50 часот во СВР Скопје Ф.И.(26) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од Н.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 16.10.2021 околу 16.30 часот во СВР Скопје Р.С.(21) од Скопје пријавил дека во близина на аптека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Д.З.(50) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од ЗППЈРМ.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Навивачите на Реал во еуфорија, идното лето доаѓаат три екстра засилувања

Следно

Турција ќе има активна улога во обновата на Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian