МВР: Нема потврда дека се вооружале лица за да го попречат изборниот процес

1 min read

По информацијата дека Јавното обвинителство постапило по пријава од Американската амбасада во Македонија дека лице од политичка партија пријавило дека 83 лица, затвореници кои се на слобода добиле огнено оружје со цел да го попречат изборниот процес, се огласи и МВР.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „слободен печат“ вели дека се преземени сите мерки и активности во врска со пријавата.

– Лице од политичка партија доставило пријава до Американската амбасада во Македонија која ја проследила до нас и до Јавното обвонителство. Во врска со оваа пријава се преземени сите неопходни мерки и активности во координиција со Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност. Апсолутно можам да кажам дека до сега нема никаква потврда во однос на оваа пријава- изјави Ангеловски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На Хаити киднапирани 17 американски мисионери и нивни семејства, вклучително и деца

Следно

Вучиќ ќе прими трета доза вакцина и ги повика граѓаните да го сторат истото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian