Лордес Леон пуши многу „трева“, а за својата мајка Мадона вели дека е тотален „контрол фрик“

4 mins read

Лордес добила важен совет од Мадона: Запамети, ова с**** не е реално. Не се важни парите или твоето лице или како изгледаш.

Лордес Леон пуши многу „трева“, а за својата мајка Мадона ќе каже дека е тотален „контрол фрик“ и едвај чекала да се ослободи од нејзината контрола штом достигнала години на полнолетност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

Во екстремно релаксиран, отворен и искрен разговор со најдобрата пријателка на Мадона и новинар Деби Мазар, ќерката на Кралицата на Поп и манекенка во подем Лордес „Лола“ Леон ќе раскаже се од чудните правила додека растела до сегашните навики во своето секојдневие за интервју во магазинот „Interview“.

Лордес, која е првото дете на Мадона, е повеќе од само тоа. Растеше во светлото и критиките на јавноста од самото свое раѓање, но порасна во девојка која изнајде начини да биде своја и ништо што би значело копија на нејзината славна мајка. Всушност, можеби само во едно, токму тоа – да биде своја – што го потврдува со ова отворено интервју. Сега веќе конечно се наоѓа на место во својот живот каде е сигурна што самата сака и како се чувствува најудобно да го живее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

Девојката најпозната по пуштените темни веѓи и обраснатите подпазуви сега е модел кој неодамна се појави на насловната на „Vogue“ како една од највлијателните девојки на денешницата. Првото појавување на писта го имаше во 2018 година за пролетната колекција 2019 на брендот „Gypsy Sport“, а оваа година го повтори на пистата за третото издание за марката „Savage X Fenty“на Ријана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

За Мет Гала ќе раскаже како ѝ било возбудливо, не знаела што да очекува, но воопшто не ѝ било пријатно меѓу толку славни и познати личности – го повикала своето момче „на помош“, но на крајот од вечерта завршила со пријатна дружба со Ирина Шајик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

За себе ќе каже дека нема многу пријатели меѓу славните, не вози автомобил и се чувствува како Њујорчанка иако е родена во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

За својата дејност ќе каже дека сака да го промени начинот на кој се гледа на манекенството, затоа што моделите треба да внесат карактер во фотосесиите и се повеќе од тивки закачалки – тие се личности и артисти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

За својата мајка ќе каже дека е екстремно работлива, нарекувајќи ја „воркахолик“, а од неа ја наследила потребата за контрола.

За своето детство ќе раскаже како многу работи не ѝ биле дозволувани, а гледање телевизија била една од тие нешта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

За доживувањето на музиката на мајка си ќе каже дека е искуство кое постепено но многу се менувало како што растела затоа што успевала сè повеќе да препознава колку влијателна и неверојатна е Мадона како жена, колку ги воздигнува другите жени и колку отсекогаш била пред нејзиното време.

За идните планови ќе објасни дека вистински ги нема, го живее животот пушејќи многу „трева“ ден за ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ ќе прими трета доза вакцина и ги повика граѓаните да го сторат истото

Следно

ДИК: На некои места гласањето ќе продолжи и по 19 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian