И ИОК е против идејата на ФИФА за Мундијалите да се играат на две години

2 mins read

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) изрази загриженост поради плановите на ФИФА за Светското првенство да се одржува на секои две години.

Иако претседателот на ИОК, Томас Бах уште минатиот месец изјави дека „нема да се меша во полемиките“, по состаонокот кој се одржа во Атина, Меѓународниот олимписки комитет се огласи во јавноста со неколку забелешки.

Во извештајот на Извршниот одбор на ИОК, меѓу забелешките се  наведува дека Светското првенство во новиот формат ќе ги фрли во сенка женските турнири, а и фудбалерите „би биле дополнително оптеретени“ и со тоа би се загрозило нивното здравје.

ИОК исто така ја критикуваше и тактиката на ФИФА во промоцијата Мундијалите да се играат на секои две години, притоа истакнувајќи дека очигледно е оти не се одржале поголеми консултации со сите страни.

Минатиот месец, ФИФА својот проект прво им го претстави на поранешни фудбалери пред формално да ги извести Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Јужноамериканската фудбалска конфередеција (Конмебол) како две најмоќни континентални конфедерации.

Но, ниту на УЕФА ниту на Конмебол не им се допадна идејата на ФИФА и тие се најголеми противници на идејата СП да се игра на секои две години, а како еден од чекорите кој го најавија е бојкот на Мундијалот доколку се реализира на идејата на ФИФА.

ИОК исто така наведе новиот формат на Мундијалите ќе влијае и на спортови како тенис, велосипедизам, голф, гимнастика, пливање, атлетика.

Наредното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во Катар идната година, а четири години подоцна Мундијалот ќе го организираат САД, Мексико и Канада.

ФИФА засега не одреди која ќе ја донесе конечната одлука за предлогот СП да се игра на секои две години, но се шпекулира дека би можело да се случи на состанокот на сите 211 земји членки на светската куќа на фудбалот во декември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблем во Росоман: Поради замена на апарат, гласањето на едно избирачко место ќе се продолжи за еден час и 50 минути

Следно

Зошто тартуфите се толку скапи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian