ДИК: На некои места гласањето ќе продолжи и по 19 часот

1 min read

На неколку гласачки избирачки места во некои општини, гласањето било прекинато повеќе од еден час, поради што, како што соопшти ДИИК, истото ќе биде продолжено и по 19 часот.

Во Општина Бутел во едно гласачко место повеќе од еден час имало прекин на гласањето, во Дебрца два часа, исто толку и во Демир Хисар и во Ново Село. Половина час прекин на гласањето имало на едно избирачко место во Липково, речиси час и половина во Радовиш, Во Росоман речиси два часа. Во Центар на едно избирачко место гласањето било прекинато час и половина, во Чаир и во Чучер Сандево по еден час. Таму каде што имало прекин поради проблеми со апаратите за фингерпринт, гласањето е продолжено со УВ ламба.

Место до 19 часот, гласањето ќе трае онолку колку што треба за да се изјаснат граѓаните што ќе се затекнат надвор од гласачкото место, во ходниците или во дворот. Ова упатство ДИК го спреведе до избирачките места.

Не смее да се спречи ниту еден граѓанин да гласа, макар тоа да трае и подолго , изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес сконференција.

Причината за застојот ДИК ја гледа во гужвата пред избирачките мста поради долгите избирачки листови и ковид мерките и поради тоа што една четвртина од отпечатоците се со лош квалитет и затоа бавно оди отчитувањето.

Најголема излезност до 15 часот има во Аеродром, 30,71 посто, Бутел – 30,96 посто, а најслаб одзив има во Шуто Оризари, 19,15 посто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лордес Леон пуши многу „трева“, а за својата мајка Мадона вели дека е тотален „контрол фрик“

Следно

Навивачите на Реал во еуфорија, идното лето доаѓаат три екстра засилувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian