Денес се празнува Светиот свештеномаченик Јеротеј

1 min read

Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес променливо облачно со услови за дожд, од утре следи температурен шок

Следно

Локални избори во Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian