Бурно е во соблекувалната на Јунајтед, дали Роналдо ќе му го потпише отказот на Солскјер?!

1 min read

Манчестер јунајтед по одличниот старт на сезоната влезе во серија на лоши резултати, а со тоа се зголемува и нервозата кај Кристијано Роналдо.

Вчера Јунајтед беше поразен на гостувањето кај Лестер со 4:2, а по последниот свиреж на судијата, Роналдо нервозно побрза кон соблекувалната, но Солскјер го стигна и успеа да го врати на теренот на „Кинг Пауер“ стадионот и да ги поздрави навивачите.

Португалецот е разочаран од резултатите на Манчестер јунајтед во последно време, исто како и Пол Погба, додека менаџерот Оле Гунар Солскјер не може да најде објаснување со што се зголемува притисокот врз него.

Според поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, поразот од Лестер покажа дека ништо не се сменило кај „црвените ѓаволи“.

– Тие не се ни блиску во битката за титулата, цела сезона играат лошо, а кога ќе се сретнат со посилнми екипи тогаш се приметуваат сите проблеми во играта – вели Неви кој смета дека Солскјер греши кога игра со премногу офанзивна постава бидејќи тогаш одбраната е под голем притисок.

– Гринвуд, Санчо, Роналдо, Погба, Фернандеш на теренот, јас не би сакал да бидам одбранбен играч во тој тим – додава Невил.

Англиските медиуми шпекулираат менаџерот Солскјер иако е под голем притисок, засега ќе остане на клупата, но доколку се зголеми незадоволството на Роналдо и не се поправат резултатите во брзо време, тогаш сигурно е дека Норвежанецот ќе добие отказ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заклучно со 11 часот во Гевгелија гласале 13,05 проценти, Богданци 13,48, Валандово 9 проценти и Дојран 16,4

Следно

Лидерите на политичките партии во Косово ги повикаа граѓаните масовно да излезат на локалните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian