Барселона се откажува од Халанд, нова мета е Србинот кој ја воодушеви фудбалска Европа

2 mins read

И покрај големите финансиски проблеми, односно долговите кои изнесуваат 1.5 милијарда евра, навивачите на Барселона се надеваа дека управата ќе успее да ја реализа најавата и на „Камп Ноу“ идното лето ќе го донесе Ерлинг Халанд, но тоа нема да се оствари.

Управата на Барселона е свесна дека поради финансиските проблеми не може да достави конкурентна понуда за Халанд, како и да обезбеди 75 милиони евра обесштетување и поради тоа планира да се фокусира на поевтина алтернатива која исто така ја воодушеви фудбалска Европа, Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Според шпанскиот новинар Жерар Ромеро доколку не успее да го реализира трансферот на Халанд, а се поизвесно е дека такво нешто нема да се случи, Барселона со сите сили ќе тргне по потписот со Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец игра фантастично на почетокот од сезоната и на осум натпревари во Серија А постигна шест гола за Фиорентина, а исто така брилјира и во дресот на селекцијата на Србија.

Влаховиќ досега ги одби сите понуди од Фиорентина за продолжување на договорот кој му истекува во 2023 година и тоа значи дека „виолетовите“ идното лето ќе мора да го продадат доколку сакаат да заработат нешто.

Освен Барселона, сериозен интерес за Душан Влаховиќ пројавуваат и Манчестер сити, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милиони дози на вакцини против ковид-19 ќе бидат уништени во САД, во услови на глобален недостиг

Следно

Какви тајни крие козметиката што ја користите?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian