Ако победи, ќе ја потпише легализацијата на сите објекти за домување, вели кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев

1 min read

Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев по гласањето во поранешниот Работнички универзитет во Велес изјави дека доколку биде избран, ќе ги потпише сите решенија за легализација на објекти за домување и ќе работи на решавање на сообраќајниот хаос.

„Во едно интервју за еден весник за време на кампањата реков дека на првиот мој ден ако ја превземам функцијата градоначалник ќе ги потпишам сите решенија за легализација на објекти за домување, а кои беа оставени од градоначалникот. Првиот мој капитален објект ќе биде решавање на сообраќајниот хаос и изградба на поземна катна гаража во центарот на Велес, а потоа и останатите 213 најавени проекти од кои 126 се од основата инфраструктура за подобрување на водоводната и канализациона мрежа во градот и Општината“, изјави Колев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каде се денес мигрантите кои ги прими Меркел во 2015-та година?

Следно

ВИДЕО: Избегната трагедија, се урна дел од трибина во момент кога навивачите ја прославуваа победата на нивниот тим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian