ЖРК Вардар по три години се врати со триумф на европската сцена

1 min read

Вардарки кои во минатото ги гледавме како редовни учеснички во Лигата на шампионите, денеска по пауза од три години се врати на меѓународната сцена.

ЖРК Вардар во денешниот прв натпревар од второто квалификациско коло на Европскиот куп во Косово ја совлада Приштина со 35:39 (15:16).

Македонскиот претставник имаше добар старт со стекната предност од „плус два“ (3:5), а во 18 минута водство од 8:10.

Домаќинот се врати за израмнување 13:13 на семафорот, а потоа благодарение на одбраните на Ѓорѓиевска повторно се одвои ЖРК Вардар со позитива од 14:16.

Успеа нашата екипа со мини серија да дојде за првпат на мечот и на „плус три“ во вториот дел кога поведе со 16:19 во 37 минута. Разликата растеше, Вардар во понатамошниот период од средбата го покажа својот квалитет и поведе со недостижни 20:26. Коцева беше стрелец на 33 гол во 51 минута за 26:33 и веќе се чувствуваше радоста на клупата на „црвено-црните“, потоа и Радевска погоди за 29:35.

Во најлош момент следуваа исклучувања во редовите на Вардар и во самиот финиш тоа го искористи ривалот за намалување на 33:35 на три минути до крајот на мечот. Кога беше најпотребно се консолидираа Вардарки и триумфираа со конечен резултат 35:39.

Во победничките редови по седум голови имаа Трпевска, Дамјаноска и Диневска.

ЖРК Вардар: Ј. Попова, Н. Попова, Илиќ, Бор. Коцева 1, Тошевска, Трпевска 7, Костовиќ 5, Диневска 7, Миновска 2, Радевска, Ѓеорѓиевска, Галевска 1, Стојановски 4, Васевска, Бој. Коцева 2, Дамјаноска 7.

Реваншот ќе се одигра следната сабота на 23 октомври од 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во општина Кичево спроведено гласањето во домашни услови

Следно

ВИДЕО | Хитот на Тоше Проески -„Соба за тага“ крие морничава вистина: Стиховите се напишани од затвореник кој го убил љубовникот на неговата сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian