Заврши гласањето на болни и изнемоштени лица во Македонски Брод и Пласница

2 mins read

Во текот на денешниот ден се реализира гласањето во домашни услови на лицата болни и изнемоштени лица во општините Македонски Брод и Пласница.

Во општина Македонски Брод се пријавиле 118 граѓани, додека во општина Пласница 140 лица и во двете општини нема пријавено болни и инфицирани од Ковид-19, кои се пријавиле за домашно гласање.

-Во нашата општина во текот на денешниот ден од 118 пријавени за домашно гласање 111 го искористиле своето демократско право, додека седум лица не го дадоа својот глас. Од овие седум лица едно лице доставило приговор до Општинската изборна комисија дека му е ускратено правото на глас. Во текот на наредните два часа Комисијата ќе донесе одлука дали ќе биде прифатен неговиот приговор и дали ќе може да гласа или не. Од пријавените 118 лица во 109 случаи се со решение со нега од трето лице додека девет лица се со медицинска белешка, истакна Живко Столески, претседател на ОИК за општина Македонски Брод.

Во општина Пласница од пријавувањето за гласање во домашни услови две лица починале, што беше потврдено од Општинската изборна комисија.

-Во нашата општина во текот на денешниот ден се спроведе гласањето на болни и изнемоштени лица кои се пријавиле да гласаат во домашни услови. Од пријавените 140 лица, 135 го искористиле своето демократско право на глас, додека пет лица не гласале, од кои две лица во меѓувреме починале, додека три лица во времето кога ги посетил избирачкиот одбор не биле на наведената  адреса, рече Жана Богеска од ОИК за Пласница

 

Извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Протест во Италија против неофашистичките групи: „Бараме конкретни акции, а не само празна реторика“

Следно

Македонскиот каратист Весели освои бронза на Балканското првенство во Пореч

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian