Затворен за сообраќај патниот правец Дебар – Маврово

1 min read

Од утрово од 8 часот за сообраќај е затворен на регионалниот пат Дебар – Маврово, кај Бања „Косоврасти”, поради пропадната дупка на коловозот со длабочина од 10 метри и со можност да се прошири, информира АМСМ.

Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга.

На останатите патните правци надвор од градските средини сообраќајот утрово се одвива непречено по влажни коловози со умерен интензитет.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во хотел во Албанија

Следно

Париз ќе засади 170.000 дрва за да ја подобри климата во градот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian