Во Русија повторно црн рекорд во број на починати од ковид-19

1 min read

Во Русија во изминатите 24 часа од ковид-19 починале повеќе од 1000, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата, соопштија денеска здравствените власти.

Бројот на новозаразени со вирусот во последните 24 часа е 33 208, а бројот на смртни случаи изнесува 1002.

Во последниве недели е зголемен бројот на лица кои се заразуваат и умираат од коронавирусот во Русија.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко ја припишува сегашната состојба на однесувањето на населението и недоволната вакцинација, и покрај достапноста на неколку национални вакцини.

Од почетокот на пандемијата во Русија од ковид-19 починаа вкупно 222 315 луѓе.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Засекогаш ќе живее во нашите срца: Тоше, те сакаме!

Следно

Гласањето на болните, немоќните, лицата со ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian