ВИДЕО | Тијана Дапчевиќ вози на автопат додека во автомобилот слуша песна од Тоше: Пејачката за момент погледна кон небото

1 min read

Денес се навршуваат 14 години откако македонскиот пејач Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Балканскиот Елвис Присли, како што го нарекоа BBC News, нѐ напушти на 26-годишна возраст, оставајќи неизбришлива трага како голем уметник и човек со големо срце.

Бројни балкански ѕвезди во спомен на Тоше се огласија преку социјалните мрежи присетувајќи се на моменти поминати со непрежалениот пејач, нашата најголема ѕвезда.

Пејачката Тијана Дапчевиќ со црно – бело видео во спомен на Тоше пушти негова песна во автомобилот споделувајќи ја објавата на својот инстаграм – профил со емотикон скршено срце и бројот 14, годините поминати од неговата смрт кои не ја намалуваат болката по загубата на нашата најголема ѕвезда.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кирби: Назначувањето на Хил е можност Вучиќ да ги исполни ветувањата што му ги даде на Бајден

Следно

Кривична пријава против две лица од Кочани за “повреда на слободата на определување на гласачите” 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian