ВИДЕО: Ни Роналдо не помага, се „тресе“ клупата на Оле Гунар Солскјер

1 min read

Веќе трет натпревар по ред Манчестер јунајтед не може да триумфира во Премиер лигата, после домашниот пораз од Астон Вила, ремито со Евертон, денеска „црвените ѓаволи“ загубија од Лестер со 4:2.

Иако целиот натпревар за клубот од „Олд Трафорд“ го одигра првата ѕвезда Кристијано Роналдо, тој не успеа да се запише во листата на стрелците. Повторно сега на „мета“ ќе биде норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер и ќе добие нови критики и одново шпекулирање за негово заминување.

Гостите водеа со голот на Гринву од 19 минута, но домаќините израмнија преку Тилеманс после половина час игра на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер.

Сојунџу ја донесе првата предност за „лисиците“ во 78 минута, потоа во 82 за нов егал се погрижи Погба, но радоста на Французинот траеше само 60 секунди, бидејќи во следниот напад Лестер ја врати позитивата преку Варди. Конечниот епилог го постави Дака (90+2`).

На табелата Јунајтед е на петтата позиција со 14 бодови, четири помалку зад водечкиот Ливерпул кој денеска триумфираше над Ватфорд (0:5), а Лестер е на 11 место со 11 бодови.

Во другите мечеви: Астон Вила – Вулверхемптон 2:3, Манчестер сити – Барнли 2:0, Норич – Брајтон 0:0 и Саутемптон – Лидс 1:0.

Табела: Ливерпул 18 бодови, Манчестер сити 17, Челси 16, Брајтон 15, Манчестер јунајтед 14, Евертон 14…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Дебар и Центар Жупа гласаа 37 болни и изнемоштени лица

Следно

Костени, богатство од витамини и минерали: Цезар ги запалат шумите со костени на подрачјата што ги освојувал за да ги остави жителите без храна

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian