ВИДЕО: Феноменален пресврт на Милан, од 0:2 до 3:2 на „Сан Сиро“

1 min read

Фудбалерите на Милан победија вечерва на домашен терен по пресврт над Верона со 3:2, во натпревар од осмото коло во најсилното италијанско првенство.

Верона имаше два гола предност на „Сан Сиро“, откако стрелци беа Џанлука Капрари во седмата минута и Антонин Барак во 24 минута од пенал.

„Росонерите“ направија целосен пресврт во текот на второто полувреме. Оливие Жиру го постигна првиот гол во 59 минута, а Франк Кеси израмни во 76 минута од белата точка.

Победата за домаќините ја донесе фудбалерот на Верона, Корај Гинтер, со еден комичен автогол во 78 минута.

По седмата победа во лигата, Милан се искачи на првото место на табелата со 22 бода, еден бод повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Верона го претрпе четвртиот пораз и со осум бода го зазема 13 место на табелата. Претходно денеска Специја ја победи Салернитана со 2:1, а Лацио беше подобар во дербито од Интер на „Олимпико“ со 3:1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривична пријава против две лица од Кочани за “повреда на слободата на определување на гласачите” 

Следно

Бестселерот ќе добие тв серија: Последните денови на Џон Ленон од поглед на неговиот убиец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian