Убиството на британскиот пратеник прогласено за терористички инцидент

1 min read

Убиството со нож на конзервативниот пратеник сер Дејвид Ејмс во Леј-он-Си, Есекс е прогласено за терористички инцидент, потврди Метрополитен полицијата.

Како што пренесе ДПА, истрагата ја предводи антитерористичка полиција.

Ејмс (69), кој го претставуваше западен Саутенд во Есекс беше нападнат во Методистичка црква. Тој беше хоспитализиран и опериран, но им подлегна на повредите.

По нападот полицијата уапси еден маж и соопшти дека нема да трага по други лица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кога да го очекуваме првиот снег?

Следно

Внимавајте каде донирате: Лaжен профил со името на Елизабета Пендаровска дели по 5000 евра на 100 граѓани

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian