Протест во Италија против неофашистичките групи: „Бараме конкретни акции, а не само празна реторика“

1 min read

Најголемите италијански работнички синдикати се собраа во Рим и ја повикаа владата да ги распушти неофашистичките групи вклучени во минатонеделните насилни протести против здравствените пропусници за вакцина против „Ковид-19“.

Некои групи ги пробија полициските сили за да стигнат до канцеларијата на премиерот, додека други го отворија патот до седиштето на најголемиот италијански синдикат , објави Ројтерс.

Повеќето од насобраните кои присуствуваа на денешниот собир мафтаа со црвеното синдикално знаме додека маршираа во близина на главната станица до централниот плоштад Сан Giовани

Главните италијански синдикати CGIL, CISL и UIL ја повикаа владата да ги распушти неофашистичките и неонацистичките групи, на митинг чиј слоган беше „Не на фашизмот и насилството, на работата,  да за  безбедноста и правата“.

“Ние бараме конкретни акции, не само брборење. Време е државата да ја покаже својата демократска сила во спроведувањето на законот и уставот”, рече од сцената генералниот секретар на CGIL, Маурицио Ландини.

Организаторите проценуваат дека меѓу 50.000 и 60.000 луѓе присуствувале на митингот, додека лидерот на ЦИСЛ Пјерпаоло Бомбадиери рече дека има дури 100.000.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Аеродром: Пет лица физички се пресметале пред кафеана

Следно

Заврши гласањето на болни и изнемоштени лица во Македонски Брод и Пласница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian