Кинез ја запалил својата поранешна сопруга додека снимала за „Тикток“

1 min read

Кинеските власти во четвртокот осудија на смрт маж кој ја запалил поранешната сопруга додека снимала пренос во живо, пишува Би -Би -Си.

Во септември минатата година, Танг Лу истурил бензин и ја запалил 30-годишната Ламу додека снимала пренос во живо. Ламу била фармерка од провинцијата Сечуан и знаела често да емитува свои видеа во живо преку „Douyin“, кинеската верзија на „ТикТок“. Таа починала две недели по нападот.

Лу беше прогласен за виновен за убиство во четвртокот, осуден на смрт и мора да плати отштета.

Според извештајот на кинеската државна телевизија CCTV, Танг во минатото физички ја злоупотребувал Ламу, поради што парот се разведе во јуни 2020 година. Лу подоцна во неколку наврати повторно ја запросувал, но таа одбивала.

Кинеските активисти за човекови права велат дека земјата има проблем со семејното насилство бидејќи идејата дека семејните конфликти се приватен проблем е се уште вкоренета во општеството.

Во Кина, злоупотребата не се сметаше за причина за развод до 2001 година, и дури во 2015 година беше воведен првиот национален закон за забрана на семејно насилство.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско

Следно

ВИДЕО | Извештај на ЦИВИЛ во 10 часот: Недостасуваат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian