ВИДЕО: Вo експлозија активирана од бомбаш самоубиец за време на молитва загинаа 32 лица

2 mins read

Најмалку 32 лица загинаа, во експлозија на бомба во шиитската џамија Биби Фатима. во авганистанскиот град Кандахар,

Ескплозијата била активирана највеорјатно од бомбаш самоубиец за време на петочната молитва, кога џамиите се најпосетувани и полни со верници.

Информацијата ја потврди и портпаролот на талибанската влада, Билал Карими. Тој не даде детали, но изјави дека истрагата е во тек

 

Според првичните извештаи, нападот го извршил бомбаш самоубиец кој влегол во џамијата и ја активирал експлозивната направа. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека нападот е дело на радикалната организација Исламска држава која има свои силни упоришта низ територијата на Авганистан сосбено откако власта во земјата ја презедоа талибанците.

 

Денешниот напад доаѓа по минатонеделниот напад врз шиитската џамија во Кундуз, во кој загинаа најмалку 50 луѓе, што преставува  најкрвав напад врз цивили по повлекувањето на западните сили од Авганистан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Предизборни ветувања 2021: Ќе има ли доволно простор за културата во Скопје?

Следно

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian