ВИДЕО: Вистинско лице на „пелистерци“, прва историска победа во АБА2 лигата

2 mins read

Голем триумф на битолски Пелистер во АБА2 лигата, денеска убедливо со 93:73 триумфираше над Сутјеска на првиот „балон“ сезонава.

Еден „нов“ Пелистер се појави во салата во Србија каде во изминатите пет дена се играше првиот од петте планирани т.н. „балони“ против вториот претставник од Црна Гора.

Најавата за такво нешто ја испрати одличниот двоец, Стајиќ-Младеновски за кој немаше решение противничката одбрана во првата четвртина од мечот со кој беше затворено второто коло во регионалното натпреварување.

Нивната „пик-енд-рол“ игра беше незапирлива за кошаркарите на Сутјеска. Но, не и толку „видливо“ на резултатот, барем во првите десет минути во кои Пелистер имаше само минимални (24:23).

Во продолжението, односно онаа втора четвртина „зелено-белите“ имаа постојано водство, но уште еднаш не го искористија одличниот офанзивен пристап. Дадоа 51 поен во првото полувреме, но не беа најдобри и во дефанзивниот сегмент. Примија 47, па предноста беше изразена со само четири поени (51:47).

Но, затоа пак сиот свој труд битолчани го наплатија по паузата. Особено добра беше третата четвртина во која Пелистер остана без својот тренер, Марјан Илиевски, но „се појави“ Младеновиќ, кој дополнително ја забрза играта.

АБА2 лига: Рогашка пресилна за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром

Направи уште посериозни проблеми во одбраната на тимот од Никшиќ. Сега и тоа како забележливо на семафорот на кој стоеше дека Пелистер има 78, а Сутјеска 15 поени помалку, односно 63. Тука стана јасно дека битолски Пелистер има што да каже во оваа конкуренција, дека оној прв меч беше и во вистинска смисла – дебитантски.

Кај стрелците во победата по 16 поени имаа Малешевиќ и Трајковски, а за Црногорците 23 поени беа дело на Томашевиќ, три помалку запиша Спасојевиќ.

Го чекаме 8 ноември, кога на програмата е вториот „балон“, во кој е предвидено и македонското дерби МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер. Дуелот на македонските претставници во АБА2 лигата ќе се игра два дена подоцна, на 10 ноември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Мицкоски од Свети Николе: Глас за помалите партии е глас за Заев, така се ситни опозицијата

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Асфалтот „проголта“ автобус во Солун

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian