ВИДЕО: Успешни Бразил и Аргентина, а Чиле остана во игра за пласман на СП

2 mins read

Доцна синоќа продолжија квалификациите во Јужна Америка за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Сите домаќини дојдоа до бодовите, па така победи остварија репрезентациите на Аргентина, Чиле и Бразил.

Бразилците ја запишаа 10 победа во 11 мечеви и така потврдија дека моментно се најсилни на континентот.

„Кариоките“ со 4:1 славеа против Уругвај во чиј напад беа Луис Суарез и Единсон Кавани. Нејмар ја отвори гол серијата во 10 минута после асистенцијата на Фред, а осум минути подоцна Рафиња ја зголеми предноста на 2:0.

Истиот играч во 58 минута го реши прашањето на победникот кога дојде до својот втор гол, овој пат после асистенцијата на Нејмар.

Напаѓачот на ПСЖ уште еднаш асистираше, а во листата на стрелците се запиша Габриел Барбоса во 83 минута, претходно на 3:1 намали Суарез во 77 минута.

Во Буенос Аирес Аргентина предводена од Лионел Меси триумфираше со 1:0 над Перу. Во 43 минута беше виден единствениот погодок, членот на Интер Лаутаро Мартинез одлично скокна, ја зафати топката со глава и ја испрати под пречката. Перуанците можеа да дојдат до бод на овој меч, но пенал не реализираше Јотун.

Чилеанците ја врзаа и втората победа, после Парагвај дома ја совладаа и Венецуела со 3:0 и така останаа во игра за пласман на Мундијалот. Одбранбениот играч на Фиорентина, Ерик Пулгар постигна два гола, во 18 и 37 минута, додека конечниот епилог го постави Бреретон во 73 минута.

Во следното коло на 11 ноември Бразил е домаќин на Колумбија, Аргентина гостува кај Уругвај, а Чиле ќе се соочи со Парагвај. Истиот ден Перу ќе ја пречека Боливија, а Еквадор селекцијата на Венецуела.

СП 2022 Катар
Квалификации, Јужна Америка

Резултати –
Аргентина – Перу 1:0
Чиле – Венецуела 3:0
Бразил – Уругвај 4:1

Табела: Бразил 31 бод, Аргентина 25, Еквадор 17, Колумбија 16, Уругвај 16, Чиле 13, Боливија 12, Парагвај 12, Перу 11, Венецуела 7.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ наместо ѕидови, да изгради пат за Западен Балкан

Следно

Меган Фокс повторно изненадува – најави модна колекција во соработка со брендот „boohoo“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian