Силна експлозија во џамија во Кандахар, бројот на жртвите засега непознат

1 min read

Засега не се знае бројот на жртвите во силната експлозија што денеска одекна во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесуваат француските медиуми, иако британски Би-Би-Си наведува дека има многу загинати.

Експлозијата се случи за време на петочната молитва.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како во паника бегаат по експлозијата.

Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се евидентирани седум жртви.

Иако се уште не ја презеде одговорноста за нападот, дописникот на Би -Би -Си од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да објави дека нападот е дело на бомбаш -самоубиец.

Пред точно седум дена, речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, во која загинаа најмалку 100 лица, за која се уште никој не ја презеде одговорноста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Центар го раскина договорот за проектот „Шпански скали“

Следно

ВИДЕО | Даштевски: Македонија е земја во која најбрзо пристигнуваат изборните резултати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian