СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ истераа тромава и предвидлива кампања, вели Пеева-Лауренчиќ

2 mins read

Ангелка Пеева-Лауренчиќ, сосопственичка и директорка на агенцијата „Имиџ ПР“, во вечерашното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека кампањите за претстојните локални избори на двете најголеми политички партии од македонскиот блок биле тромави – не во смисла дека немаше доволно видеоматеријал, печатен или визуелен материјал, но дека едноставно видовме нешто очекувано.

„Дури и слоганите кои беа пласирани, доколку ги замените амблемите на политичките партии, нема да забележите разлика. Сметам дека можеа да бидат покреативни и попредизвикувачки кон гласачкото тело, затоа што проблемот и на двете најголеми македонски политички партии е да го извлечат максимумот од гласачкото тело. Од друга страна, се обидоа да направат некаков креативен пристап, но недоволно видливо и недоволно концептуално поставено. На пример, видовме како луѓе стоеја пред споменик на 11 Октомври, но тоа остана недоискажано, нема целина, нема почеток и нема крај“, оценува Пеева-Лауренчиќ.

Таа вели дека политичките партии преку боите, слоганите, начинот на комуникација или стилот во предизборните кампањи, потсвесно влијаат на гласачкото тело. Кампањите имаат свое влијание, па затоа партиите или политичките субјекти внимаваат на овој сегмент.

„Кога кампањите би немале влијание, не би биле главната поента на секои избори, не само кај нас туку и секаде во светот. Слоганите, пораки што ги праќате, начинот на којшто комуницирате, боите, стилот и тонот имаат едно потсвесно влијание на гласачкото тело и може да направат разлика којашто може да ги дефинира крајните резултати од изборите. Ако максимумот е 5 отсто да добиете или изгубите гласови заради добра односно лоша комуникација и кампања, тоа вкупно може да биде 10 отсто што е еден фин збир на крајот од секои избори. Затоа партиите и политичките субјекти внимаваат на тој сегмент“, вели Пеева-Лауренчиќ.

Во однос на политичките партии од албанскиот блок, таа вели дека ДУИ веќе е влезена во реторичко-предизвикувачки кампањи.

„Тоа започна со кампањата ’Зошто нè?‘ и продолжи со една иста таква идеја која не се врзува со визуелните решенија туку реторички се поставува на јавноста која може да им донесе гласови“,

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најдолгата мисија досега: Кина ќе формира своја вселенска станица

Следно

ВИДЕО: Шалке и македонскиот репрезентативец Чурлинов итаат кон враќање во Бундеслигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian