Општина Центар го раскина договорот за проектот „Шпански скали“

2 mins read

Општина Центар го раскина договорот за изградба на „шпанските скали“ со фирмата „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ Скопје и ја активираше банкарската гаранција со која во општинскиот буџет се вратени 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра. Општината до „Амадеус девелопмент“ доставила изјава за еднострано раскинување на Договорот.

За потсетување, Договорот за отуѓување на земјиштето е склучен на 11.11.2013 година помеѓу Министерството за транспорт и врски и ДТПУ „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ Скопје за изградба на таканаречените „Шпански скали“. Според тој договор, „Амадеус девелопмент“ била обврзана да добие одобрение за градење на предвидениот објект од Општина Центар во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, а тој рок истекол на 20.08.2014.

Општина Центар на „Амадеус девелопмент“ му издала одобрение за градење дури на 28.7.2015 година, со правосилност на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување.

Согласно одобрението, „Амадеус девелопмент“ имала рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021.

Со решение од 12.5.2020, градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ го прогласил одобрението за ништовно. Жалбата на „Амадеус девелопмент“ до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски била одбиена како неоснована, затоа што компанијата била должна да почне со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу 2 години од правосилноста на одобрението.

Согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските во него и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Бебето што беше оставено во тоалетот на болницата: Го барала татка си цел живот, живеел на шест километри од неа

Следно

Силна експлозија во џамија во Кандахар, бројот на жртвите засега непознат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian