Марко Савовски го напушти Вардар, со „црвено-црните“ ја освојуваше ракометна Европа

1 min read

Како што се најавува, Вардар 1961 ќе има промени во раководните структури, а најновата информација е дека од екипата си заминува долгогодишниот директор, Марко Савовски.

Долг период ја водеше позицијата оперативен директор, Савовски влезе во ракометниот клуб Вардар уште во ерата на поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко.

Воедно беше дел од освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите во 2017 и 2019 година во најголемите успеси на македонскиот ракомет.

Преку социјалните мрежи Савовски потврди дека ја напушта функцијата директор на РК Вардар 1961.

– Ви Благодарам на сите. Благодарарам на довербата од Г-нот Сергеј Самсоненко, Благодарност до Г-нот Михајло Михајловски, КОМИТИ, симпатизери на Рк Вардар…Се одјавувам од сите обврски кон Ракометниот клуб РК Вардар (1961) и би сакал да ви се заблагодарам на сите, за досегнашта поддршка…Сакам да ви пратам искрена порака, РК ВАРДАР (1961) ќе продолжи кон победничките патеки и повторно ќе ја израдуваме Ракометна Европа. Еден живот, Една љубов, Вардар – напиша Савовски на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Следно

ЕУ ги повика Вучиќ и Курти да дојдат во Брисел на нова рунда преговори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian