И ПСЖ во трката за еден од најдобрите српски фудбалери Влаховиќ

1 min read

Душан Влаховиќ има само 21 година, а веќе го привлекува вниманието на голем број врвни европски клубови со своите одлични игри.

Не е само Србија одушевена од партиите на својот репрезентативец, туку и европските фудбалски гиганти.

Мамка за гигантите е и фактот што Влаховиќ одби да потпише нов договор со Фиорентина и со тоа ја „отвори вратата“ за трансфер оваа зима, а најдоцна следното лето.

Познато е дека Јувентус, Манчестер сити и Тотенхем се заинтересирани за српскиот центарфор, а сега во трката се вклучи и богатиот ПСЖ!

„Светците“ имаат план Влаховиќ, како што тврди „Ле10спорт“, кој е добро информиран за ситуацијата во парискиот клуб, да го замени Килијан Мбапе кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид на крајот од оваа сезона.

Конкуренцијата за Влаховиќ да игра во напаѓачкото трио со Нејмар и Лионел Меси може да биде претставена со две други алтернативи за Мбапе: Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски!

Во секој случај, Влаховиќ е попристапен, иако неговата пазарна цена се движи кон неверојатни 100 милиони евра, што може да го направи најскапиот српски фудбалер на сите времиња.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РСБСП со апел: Возете внимателно, следуваат дожд, снег и голомразица

Следно

ВИДЕО | Бебето што беше оставено во тоалетот на болницата: Го барала татка си цел живот, живеел на шест километри од неа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian