ФОТО | Царовска од Ресен: Излезете на избори и гласајте за да продолжат позитивните промени

2 mins read

За да ги продолжиме позитивните промени излезете на избори и гласајте за најдобриот градоначалник и советничка листа на СДСМ и коалицијата. Со тоа ќе изберете подобра сегашност и иднина за сите граѓани, порача од Ресен потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.

Барајќи ја поддршката од жителите на Преспа, својот глас, в недела, да го дадат за кандидатот на СДСМ Живко Гошаревски заокружувајќи го бројот 12, подвлече дека граѓаните знаат, кој работи во нивен интерес.

– Граѓаните знаат кој се грижи за подобри услови во образованието, детската, социјалната заштита и воопшто за напредок во сите сегменти во општеството, а кој дури и од позиција на опозиција ги кочи законските измени и прави само штета, истакна Царовска.

Фото: СДСМ

Потсети на инвестициите во изградба на нови градинки и реконструкција на училишта и спортски објекти во Општина Ресен.

– Изградбата на спортска сала во Основното училиште „Гоце Делчев“, во вредност од 23 650 000 денари треба да заврши до ноември 2021 година. Во тек е и реконструкцијата на ОУ„ Мите Богоевски“ во населено место Болно и адаптацијата на ОУ „Мите Богоевски“ во населено место Јанковец, за што издвоивме 6 343 123 денари преку Проектот МСИП 2. За опрема за детска градинка во Ресен, со капацитет за 25 деца, вложивме 450 360 денари во 2019 година. Во тек е монтажата на опрема во детската градинка за 105 деца, во што инвесираме 20 800 000 денари, рече Царовска при посетата на Ресен.

Вети дека ќе продолжат и во наредниот период да градат, како што рече, по план и да инвестираат исклучиво во проекти од интерес на децата, за што им е потребна довербата од граѓаните.

Извор: МИА

ФОТО | Царовска од Карпош: СДСМ гради сегашност и иднина, не смееме да дозволиме други да го кочат овој процес

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Американски разорувач се обидел да навлезе во руски води

Следно

„Чкембари“ за првпат дел од сопственичката структура на ФК Пелистер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian