Аеродром се приклучува кон кампањата за замена на системот за греење со еколошки алтернативи

1 min read

Општина Аеродром соопшти дека ги повика граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради да станат дел од кампањата за употреба на одржливи системи за греење.

Кампањата „Одбележување на 100 отсто одржлив систем за греење“ има цел да ги мапира објектите што веќе имаат инсталиран систем за греење на обновливи извори на енергија и да бидат добар пример и поттик повеќе корисници да се насочат кон одржливо греење.

На сопствениците на ваквите системи ќе им биде доделен зелен сертификат во облик на стикер како признание за користење одржливи технологии за греење и ладење од обновливи извори на енергии. Инаку, кампањата се организира во рамките на проектот „Replace“, финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската Унија „Хоризонт 2020“. Проектот е насочен кон сите што се вклучени во секторот греење и ладење: крајни потрошувачи, посредници, енергетски контролори како и инвеститори и сопственици на згради, со цел да се мотивираат да ги заменат старите и неефикасни системи за греење и ладење со еколошки алтернативи, информираат од општината.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Aдел со новата песна „Easy On Me“ покажа дека ранливоста е најголема сила

Следно

Германија ќе плаќа дел од сметките за струја од домаќинствата, поради растот на цените на електричната енергија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian