ВИДЕО: Паника на улиците во Бејрут, пукотници на сите страни, има и жртви

2 mins read

Во близина на местото каде што денеска се одржува протестот против главниот судија во истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут, се слуша, пренесува либанската телевизија Ал Џадид.

Телевизијата објави фотографии на кои се гледа како луѓето на улица бегаат и се обидуваат да најдат засолниште, пренесува Ројтерс.

Претставници на болницата соопштија дека едно лице загина, а девет се повредени.

Местото каде се случи експлозијата во Бејрут / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Либанскиот суд денеска ја отфрли тужбата против главниот истражител во истрагата за експлозијата во Бејрут во август минатата година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе, и му дозволи да ја продолжи својата работа, покажуваат судските документи.

Истрагата за експлозијата беше привремено прекината оваа недела откако жалбата ја поднесоа поранешниот министер за финансии Али Хасан Калил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар.

Главниот судија Тарек Битар издаде налог за апсење на Калил.

Тензијата за истрагата на експлозијата во Бејрут го доведе Либан во нова криза

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Следно

Заврши привремениот престој во С. Македонија за група Авганистанци, заминаа за Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian