„Убава жена, ама ништо не слуша“, вели Путин за американската новинарка што го интервјуираше

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин даде интервју за американската телевизија Си-ен-би-си, во кое, меѓу другото, му беше поставено прашање за руското користење на гасот како оружје за политички и геостратешки цели. Во опширниот одговор кон новинарката на таа телевизија, Хедли Гембл, Путин рече дека тоа не е точно.

„Русија воопшто не користи никакво оружје, ако обрнете внимание … Ова се токму политички мотивирани озборувања кои немаат основа во врска со користењето енергија како вид оружје,“ рече меѓу другото Путин, пред да добие ново слично прашање:

„Видовме глобален скок на цените и како може да ја натерате Европа да верува дека сте сигурен партнер кога не ја испорачувате таа енергија преку гасоводите?“

Одговорот на Путин зачуди многумина од присутните, а ги згрози западните медиуми, кои го обвинија за сексизам и за потценување на новинарката:

Убава, симпатична жена. Јас ѝ кажувам едно, а таа нешто сосема друго. Како да не слушна што реков – рече Путин, повторувајќи дека Русија ги зголемува, а не ги намалува испораките на гас.

Во интервјуто, Путин зборуваше и за бројни други теми, вклучувајќи дали ќе се кандидира на следните претседателски избори и за потенцијален наследник, нови блокови што се создаваат во светот, но и зошто мисли дека Америка прави грешка во однос на својата валута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Опаметување на место за несовесен возач

Следно

Мицкоски на Алсат: Македонија е на сите луѓе и треба да биде и на Албанците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian