Тетовчани ќе рециклираат: Прва вендинг машина за рециклирање пластични шишиња и лименки во градот

1 min read

Во Тетово беше поставена првата повратна вендинг машина каде граѓаните ќе може да оставаат пластични шишиња и лименки. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини беше првиот кој се евидентираше како корисник и заедно со директорот на Пакомак, Филип Ивановски пуштија неколку пластични шишиња.

– Со ваквите машини секој граѓанин има пристап да го одложи отпадот за што ќе добиајт и финансиски поттик за одговорното однесување. Нема подобар начин да се претстави новиот пакет закони за управување со отпадот во функција на зелена трансформација на економскиот систем, а селекцијата, рециклирањето и реупотребата на отпадот останува обврска за сите, рече министерот Нуредини.

Ова е седма ваква машина која Пакомак ја поставува во државата, а за три месеци евидентирале собирање над 72 илјади пластика и лименки од страна на 2200 корисници кои ги користат апаратите.

– Во следните 12 месеци очекуваме уште 60 машини низ Македонија да има над 20 илјади корисници кои ќе одлагаат својата амбалажа во овие машини. За секое оставено шише добиваат 0,5 денар. Заложбата е да имаме циркуларна економија каде отпадот ќе биде перцепиран како суровина. Од ваква амбалажа може да се собере 4 до 5 тони отпад кој може да се користи како суровина за нови пластички шишиња или лименка, изјави Ивановски.

Повратната вендинг машина е поставена во маркетот Веро на улицата „Борис Кидриќ“ во Тетово. Има капацитет од 150 шишиња, кои се компресираат при пуштањето во внатрешноста.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Им бил ветен „рајот на земјата“, но биле измамени: Јапонци ја тужат Северна Кореја

Следно

Фудбалски земјотрес во соседството: Роберто Карлос ќе биде нов селектор на Косово?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian