Советот за безбедност на ОН утре расправа за состојбата на Косово

1 min read

Советот за безбедност на ОН на утрешната седница ќе го разгледа редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН за ситуацијата на Косово.

Извештајот ќе го претстави шефот на мисијата на ОН во Косово (УНМИК), Захир Танин, кој информираше дека новиот извештај се фокусира на владините реформи, владеењето на правото, безбедносните прашања и ситуацијата со пандемијата на корона вирусот.

Во пресрет на седницата на Советот за безбедност на ОН, Танин се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград и косовскиот премиер Албин Курти во Приштина, како дел од редовните консултации.

Во Приштина беше објавено дека претседателката на Косово, Вјоса Османи, отпатувала Њујорк за да присуствува на утрешната седница на Советот за безбедност на ОН.

Останува нејасно дали во шест месечниот извештај за Косово се опфатени и вчерашните настани во северна Митровица и Звечан во кој при судир со косовските спецјалци беа повредени 10 лица од кои едно лице беше рането од огнено оружје.

Претходната седница на Советот за безбедност на ОН, на која се дискутираше за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 13 април во онлајн формат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалски земјотрес во соседството: Роберто Карлос ќе биде нов селектор на Косово?!

Следно

Македонски инфлуенсерки без филтер: Ана и Кике докажаа дека убавината доаѓа во секаква форма

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian