Почнува втората „рунда“, повторно напаѓа европската Суперлига

1 min read

Пред половина година, 12 најбогати клубови во Европа одлучија да формираат т.н. „Суперлига, но УЕФА успеа да спречи реализација на таков проект.

Од тие 12 екипи, девет се повлекоа, а Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа верни на идејата за формирање на европска „Суперлига“.

Трите клуба сега тргнаа во нов напад и обид за основање на проект против кој застанаа и голем број на навивачи во Европа.

Тие се обидуваат да иницираат сличен спор пред Европскиот парламент и Европската комисија, со што се надеваат дека може да изврши притисок врз УЕФА, која го запре проектот минатиот пат.

Во еден од документите, иако неофицијални, го покажува апелот до пратениците и делегатите на Европската комисија „да ја разгледаат иднината на европскиот фудбал преку двојната стратегија на Суперлигата“.

„Богаташите“ од Премиер лигата гневни поради продажбата на Њукасл, додека малите екипи им тераат сеир: „А сакавте европска Суперлига“

На крајот, се наведува дека најкритикуваниот дел од идејата на Суперлигата – создавање затворено фудбалско натпреварување – ќе биде отфрлен.

Всушност, тоа значи дека Суперлигата може да стане само модифицирана, односно изменета Лига на шампиони достапна за секој што заслужува да учествува преку резултатите.

УЕФА се предаде, нема да ги казни екипите бунтовници Реал Мадрид, Барселона и Јувентус

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен и Борел се согласија дека Македонија и Албанија треба да го продолжат патот кон ЕУ

Следно

Убедување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian