Личните предмети на Ејми Вајнхаус ќе бидат понудени аукција

2 mins read

Скоро 800 предмети на легендарната Ејми Вајнхаус, вклучително и краткиот фустан што покојната британска пејачка го носела на својот последниот концерт, ќе бидат понудени на продажба на аукција.

Се очекува зелено-црниот фустан и чантата во облик на срце со која честопати се сликаше добитничката на Греми да бидат понудени по цена од 15.000 до 20.000 долари.

Нејзините родители одлучиле дека е вистинско време да ги продадат нејзините лични и професионални предмети, изјави Мартин Нолан, извршен директор на „Julien’s Auctions“.

ејми вајнхаус
Фото: EPA/DANIEL DEME

Пејачката почина од труење со алкохол на 27-годишна возраст во јули 2011 година. Последниот настап го имаше во Белград еден месец порано.

„ЗА НИВ БЕШЕ МНОГУ ЕМОТИВНО ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД РАБОТИТЕ НА НИВНАТА ЌЕРКА… НО, ТИЕ ЗНААТ ДЕКА ОВИЕ ПРЕДМЕТИ ЌЕ ЗАВРШАТ ВО РАЦЕТЕ НА НЕЈЗИНИТЕ ОБОЖАВАТЕЛИ И КОЛЕКЦИОНЕРИ, ИЛИ ЌЕ ЗАВРШАТ ВО МУЗЕИТЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ, КОИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ГИ ЦЕНАТ, ДА УЖИВААТ ВО НИВ, ДА ГИ ИЗЛОЖУВААТ“, ИСТАКНА НОЛАН.

Имено, семејството на пејачката сакало да се осигури дека сите нејзини обожаватели ќе имаат шанса да купат нешто.

Повеќето фустани на Вајнхаус ќе имаат почетна цена, од 2.000 до 4.000 долари, а почетната цена за појаси, парфеми, чевли, гитари и комплети со тапани ќе започнува од 50 до 100 долари.

ејми вајнхаус
Родителите на Ејми Вајнхаус / Фото: EPA/HANNAH MCKAY

Вајнхаус стана препознатлива низ целиот свет со својот уникатен карактер, изглед и музика исполнета со џез. Има издадено два студиски албуми, „Frank“ и „Back to Black“. Често зборуваше за нејзината борба со зависноста од алкохол и дрога.

Дел од приходите ќе бидат наменети за потребите на фондацијата што го носи нејзиното име, чија цел е „да ги поттикне децата и младите да изградат самодоверба и отпорност за да можат да се развиваат“.

Продажбата ќе се одржи во Беверли Хилс од 6 до 7 ноември, а купувачите ќе можат да конкурираат лично и преку Интернет.

Преземено од Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

УБ ВИДЕО | Дујовски: Се менува ли стабилноста на Балканот после конфликтот Белград-Приштина

Следно

Исламизиран Данец, кој со лак и стрела направи масакр во Норвешка, ги призна убиствата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian