Триесет и седум годишниот дански државјанин , кој е обвинет за брутално убиство на пет лица во Норвешка, ги призна убиствата.
Данецот е обвинет дека вчера убил пет лица и ранил уште двајца во норвешкиот град Конгсберг. Тој ги убил повеќето жртви стрелајќи без никаква причина користејќи лак и стрела, но полицијата соопшти дека напаѓачот користел друго оружје.

Според локалните медиуми, напаѓачот ги признал убиствата за кои е обвинет.
– Тој е обвинет за убиство и полицијата го знаела и претходно заради сторени други кривични дела .

Норвешката полиција соопшти дека напаѓачот пред одреден временски период , преминал во исламска Полицијата претходно била во контакт со него бидејќи стравувала дека лицето може да се радикализира.
Напаѓачот накратко бил испрашуван по апсењето и соработувал со полицијата.
–
Убиецот и објаснил на полицијата што направил и која била причината за убиствата . Тој призна за што е обвинет – соопшти полицијата и додаде дека нема да го коментира мотивот за убиството.
Засега се уште не е соопштен идентитетот на жртвите.
Инаку, нападот се случи синоќа , на различни локации во Конгсберг, град 68 километри југозападно од главниот град Осло.

Околу 18 часот по локално време, полицијата добила неколку пријави дека непознат маж со лак и стрела шета низ градот. Нападите беа извршени во „широката област“ Конгсберг, мал град со околу 28.000 жители.

Нападот го започнал во еден супермаркет, а напаѓачот наводно сменил локација и случајно испукал стрели кон луѓето.
– Еден од повредените е полицаец кој му се спротивставил на напаѓачот во обид да го разоружа. Во тоа време полицацеот не бил на на служба и немал со себе униформа и оружје – изјави шефот на полицијата, додавајќи дека за време на приведувањето на напаѓачот и пружил отпор на полицијата .
Полицијата веднаш по нападот соопшти дека не е исклучена можноста да станува збор за терористички акт.