Ќириќ: Втората Бундеслига би била правиот чекор за Миовски

1 min read

Бојан Миовски овој месец ги имаше првите настапи за најдобрата македонска репрезентација и евидентно е дека поседува голем потенцијал и уште еднаш покажа дека може да биде вистинска закана за секој противник.

Иако не постигна гол, а беше многу блиску до првиот против Лихтенштајн, селекторот Благоја Милевски се очекува да смета на него и во иднина.

Сезонава во најсилниот унгарски шампионат 22-годишниот Миовски во дресот на МТК има четири погодоци од осум настапи.

Поранешниот македонски репрезентативец Саша Ќириќ за германскиот „Билд“ изјави дека прав потег на напаѓачот би било да се пресели во Германија.

– Иако Бојан е висок 1,89 м, тој има одлична техника играјќи многу футсал како помлад. Тој има сè што му треба на еден модерен центарфор. у реков дека не е добро веднаш да се стремиме кон највисокото. Втората Бундеслига би била токму вистинскиот чекор за него – вели Ќириќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Лукаревска: На 17 октомври направете разлика, изберете 12 за подобар живот во демократија и слобода

Следно

Рама најави испраќање на два сателити во орбитата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian