Град Скопје со парична помош за настраданите во пожарот во Тетово

1 min read

Поради трагичниот настан, односно пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за доделување парична помош на семејствата на настраданите.

Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ.

На оваа последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје, градоначалникот Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Единствени козметичко-дерматолошки услуги во Македонија: Сè што треба да знаете за HydraFacial

Следно

Нова студија: Третата дозата на „Фајзер“ и „Модерна“ поефикасна кај оние кои прво примиле „Џонсон и Џонсон“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian