Газдата на романски великан им забранува на фудбалерите да се вакцинираат

1 min read

Џиџи Бекали, контроверзниот бизнисмен и сопственик на романскиот фудбалски клуб ФСЦБ (или поранешна Стеауа) им забрани на своите играчи и стручниот штаб да се вакцинираат против ковид-19.

– Доколку имам пиштол и вакцина на масата, попрво би зел пиштол и ќе си пукам во глава! Нема ништо од вакцинација во мојот клуб – рече Бекали во изјава за романските медиуми.

Неговиот тим моментно има двајца играчи заразени со коронавирус, и тоа Јулијан Кристеа и Разван Оаида.

Од фудбалерите, само Будеску е вакциниран, како и уште еден член од стручниот штаб.

– Играчите го знаат тоа кога ќе им кажам како претседател дека не е добро за нив, тогаш ја кажувам вистината. Играчите сакаат да ме слушаат. Не принудив никого во моето семејство да се вакцинира, сите се откажаа кога им ја кажав метафората со пиштолот – вели Бекали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Денеска сме пријатели со сите наши соседи и сме почитувани од целиот свет

Следно

Авганистанските мигранти во Босна сè уште се надеваат дека ќе стигнат до ЕУ и покрај насилните притисоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian