ФОТО+ВИДЕО: Најмалку 20 загинати во запалена зграда во Тајван

1 min read

 Најмалку 22 лица загинаа, а 52 се повредени во пожар што ноќеска зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван, пренесува Индепендент.

Повредените се на возраст од осум до 83 години.

Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени.

Запалена зграда во Тајван/ Фото EPA-EFE/KAOHSIUNG FIRE BUREAU

Според весникот „Ејпл дејли”, 12 лица биле најдени претходно без знаци на живот, по што се префрлени во болница каде е констатуирана смрт.

Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг.

Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Запалена зграда во Тајван/ Фото EPA-EFE/KAOHSIUNG FIRE BUREAU

Во тек е и истрага за причините за пожарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 14 октомври: Прифатете ги предизвиците, во моментот немате друг избор

Следно

УБ ВИДЕО | Неделков од СОНК: Платите да станат повисоки – тоа е нашиот предизвик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian