ФОТО | Турчинка прогласена за највисока жена на светот, со неверојатни 215,16 сантиметри!

2 mins read

Римејса Гелги (24) од Турција е прогласена за највисока жена на светот со висина од 215,16 сантиметри, според податоците на Гинисовата книга на рекорди.

Причината за нејзината неверојатна висина е поврзана со синдром Weaver, ретко генетско нарушување кое се карактеризира со прекумерен раст и други коскени и невролошки абнормалности.

Оваа година, повторно ја измерија нејзината висина откако беше прогласена за највисока жива тинејџерка во 2014 година на 18 -годишна возраст.

image

Фото: Профимедиа

Поради дијагнозата, високата Римејса обично се движи во инвалидска количка, но успева накратко да се движи и со помош на патерици. Титулата на највисока жена во светот сака да ја искористи за да ја информира јавноста за реткото нарушување.

– Секој хендикеп може да се претвори во предност, прифатете се себеси какви што сте, освестете ги сопствените потенцијали и дајте го најдоброто од себе – порачала таа.

Поради својата висина, минувачите често се загледуваат во неа, но таа истакнува дека повеќето луѓе се љубезни со неа и ѝдаваат поддршка.

– Голема чест ни претставува тоа што Римејса Гелги се врати во Книгата на рекорди. Поради нејзиниот нескршлив дух и гордост, се издвојува од другите и претставува инспирација – изјавил Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекорди.

image

Фото: Профимедиа

И највисокиот маж на светот доаѓа од Турција. Султан Кесен е висок 251 сантиметар. Од Гинисовата книга на рекорди напоменуваат дека ова е ретка случајност. Последен пат тоа се случило во 2009 година, кога рекордот го држеле Бао Ксишун (236,1 см) и Јао Дефен (233,3 см) од Кина. Гелги ја преземал титулата од Бао.

Највисоката жена во светот во историјата беше Зенг Jинлиан од Кина, која во времето на нејзината смрт, во март 1982 година, беше висока 246,3 сантиметри.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Легендарниот директор на Црвена звезда, Владимир Цветковиќ заврши во болница поради воспаление на белите дробови

Следно

Шилегов откри кога ќе биде завршена реконструкцијата на Универзална сала

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian