Бујар Османи откри дека ја скршил раката играјќи кошарка во кампањата

1 min read

Шефот на македонската дипломатија и висок функционер на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5 откри дека ја скршил раката за време на изборната кампања.

Тој вели дека паднал за време на партија баскет со младите од ДУИ во Гази Баба.

– Паднав сега во текот на кампања игравме кошарка со младите од ДУИ Гази Баба. Се лизнав. На спортски натпревар се лизнав на бетонот и ја скршив раката, рече Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иконата на италијанскиот воздушен сообраќај Алиталија вечерва го има последниот лет

Следно

Официјално: Во Франција нема да се игра фудбал на 5 мај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian