Врховниот суд на САД денес решава околу смртната казна за бомбашот Царнаев

1 min read

Врховниот суд на САД денеска ги сослушува адвокатите на Џохар Царнаев, организатор на терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон, кои ќе спорат за неговата судбина – да не се прифати смртната казна од пред шест години. 

Обинители од Министерството за правда пак ќе бараат судот да ја поврди претходно донесената пресуда. 

Царнаев беше осуден на смртна казна поради подметната експлозивна направа за време на Бостонскиот маратон во 2013 година, кога загинаа три лица, додека стотина беа ранети. 

Претседателот Џо Бајден во својата предизборна кампања вети укинување на смртната казна на федерално ниво, но тоа е во спротивност со повиците на неговото Министерство за правда смртната казна за Царнеав да биде конечна. 

Во 2020 година Апелациски суд ја укина ова пресуда повикувајќи се на процедурални нарушувања за време на судскиот процес. Наместо тоа, за бомбашот со чеченско потекло судот му пресуди доживотна казна затвор. 

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градоначалникот во заминување со пофали со реконструкцијата на „Орце Николов“ во центарот на Скопје

Следно

ФОТО | Дрвокрадците на Скопска Црна Гора „работат“ 24/7: Ноќе брмчат пилите, дење камионите со украдени дрва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian